Арктичка зимска бура во петокот погоди делови од Соединетите Американски Држави, при што загинаа 26 лица.
Според вестите на Си-Ен-Ен, осум лица загинале во Охајо, во Њујорк седум, во Канзас и во Кентаки по три, две лица во Колорадо, Мисури, Тенеси и Висконсин по еден.
Марк Полонкарц, официјален претставник од округот Ири во американската сојузна држава Њујорк, потврди дека уште четири лица загинале во неделата поради обилните снежни врнежи. Во некои региони со обилни снежни врнежи, прогласена е вонредна состојба и воведена е забрана за возење.
Милиони луѓе во земјата останаа затворени во своите домови, без струја поради снежното невреме.
„Смртоносната снежна бура“, која се протегаше од Големите езера во Канада до Рио Гранде на границата со Мексико, погоди речиси 60 отсто од населението во САД.
Веб-страницата за следење летови FlightAware објави дека 1.645 домашни и меѓународни летови биле откажани, а 3.869 летови биле одложени во САД во неделата, на 25 декември.
Националната метеоролошка служба соопшти дека во неделата наутро снегот на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара достигнал над 100 сантиметри.
Во САД, на 21 декември, националните и локалните метеоролошки агенции предупредија на тешки студени и снежни услови кои се случуваат „еднаш во генерација“.
Националната метеоролошка служба (НОАА) објави дека некои делови од земјата се приближуваат до студени временски услови кои не биле забележани во последните 40 години.
Метеоролошката служба посочи дека „обилните снежни врнежи можат да го отежнат или оневозможат патувањето и можат да бидат опасни по живот“.
Поради невремето, приземјето на некои болници и деловни објекти на брегот на Њу Џерси со поглед на Менхетен беа поплавени од излеаната река Хадсон.