Во авионот имало шест членови на екипажот, 65 украински војници за размена и тројца руски војници кои ги придружувале / Photo: AA

Руски воен транспортен авион на пат кон Украина за размена на затвореници бил соборен од украинската ПВО обвини Москва. Авионот Иљушин Ил-76 се урнал во регионот на Белгород.

„Денеска во 11:15 часот режимот на Киев изврши терористички акт во кој беше соборен руски воен транспортен авион“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Авионот со украински војници на размена летал меѓу аеродромите Чкаловски и Белгород Како што се наведува во текстот, авионот бил соборен од Вооружените сили на Украина од Липци, Харковската област, со помош на противвоздушен ракетен систем.

Радарската опрема на руските воздушни сили снимила лансирање на две украински ракети. Во авионот имало шест членови на екипажот, 65 украински војници за размена и тројца руски војници кои ги придружувале.

„Украинското раководство многу добро знаеше дека, според воспоставената практика, денеска украинските војници ќе бидат превезени со воени транспортни авиони до аеродромот во Белгород на размена. Според претходно постигнатиот договор, овој настан требаше да се случи попладнето на Контролен пункт Колотиловка на руско- украинската граница“, информираат од министерството.

Сепак, „нацистичкиот режим во Киев го презеде овој чекор, сакајќи да ја обвини Русија за убиството на украинските војници. Овој терористички чин го покажа вистинското лице на украинското раководство - не им се важни животите на нивните граѓани, заклучува Министерството.

Координативниот штаб на Украина за третман на воени заробеници, орган на украинската влада, објави дека е соборен авионот Иљушин Ил-76.

Во соопштението се повикуваат „медиумите и граѓаните да се воздржат од ширење непроверени информации“ и се додава дека се прибираат дополнителни информации.

„Нагласуваме дека непријателот активно спроведува специјални информативни операции насочени против Украина“, се наведува во соопштението.

Русија и Украина размениле стотици затвореници од почетокот на војната, вклучувајќи ја и најголемата размена досега на почетокот на овој месец, кога 230 Украинци беа разменети за 248 Руси.

TRT Balkan / агенции
Популарни