Сојлу: Туркије во 2022 година неутралиизра 129 терористи / Photo: AA

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека Туркије во текот на 2022 година неутрализирала 129 терористи.

Сојлу на Твитер објави дека во 2022 година биле извршени 130.981 рурална операција против терористите, во кои биле убиени 107 терористи, додека 22 биле заробени.

Тој, исто така, истакна дека во операциите се уништени најмалку 1.190 терористички засолништа и скривалишта.

Запленети се речиси 1.000 парчиња оружје, 1.131 рачни бомби, 275 мини/рачно изработени експлозивни направи, 7,9 тони експлозив и речиси 430.000 парчиња муниција.

Во Истанбул уапсен терорист на ДАЕШ кој подготвувал напад во Туркије

Според турскиот министер, бројот на терористи во земјата паднал под 120, а најмалку 125 припадници на терористичката организација ПКК ѝ се предале на турската војска во 2022 година.

Сојлу вети дека Туркије ќе ги продолжи своите антитерористички операции без запирање.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која од САД, ЕУ и Туркије е ставена на листата на терористички организации, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

TRT Balkan / агенции
Популарни