По разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Туркије и Сирија под урнатините останаа голем број лични работи и фотографии. Во еден станбен објект во Адијаман загинаа 14 лица. Соседите ги чуваат нивните лични работи и фотографии за да им ги предадат на роднините.
Во Адијаман сѐ уште трае работата на отстранување на урнатините. Со екипите на терен се и соседите на загинатите и оние што, исто така, загубија некого во земјотресот.
Во зграда наспроти една од урнатите живее Абузер Дурмуш, сопственик на ресторан.
Тешко му е поради трагичната смрт на 14 соседи. Тој и Абдурахман Тумам ја следат работата на теренот. Сакаат да пронајдат фотографии, лични работи или книги што им припаѓале на загинатите соседи. Желба им е собраните работи да им ги предадат на роднините на загинатите.
На фотографиите има многу натписи, спомени што тешко им паѓаат на преживеаните во Адијаман.
„На Невал со љубов, Хатиџе“, пишувало на една фотографија.
Абузер Дурмуш рече дека е тажен поради смртта на неговите соседи и дека му е уште потешко кога ќе најде некои нивни лични работи.
Како што рече, нашле многу примероци од Куранот, светата книга на муслиманите.
Абдурахман Тумам рече дека во земјотресот загинале голем број негови соседи.
Тумам порача дека барем ќе се обиде да ги зачува спомените на нив.
„Овде сум од првиот ден на земјотресот, кај урнатините. Изгубивме голем број соседи и познајници. Живееме во шатори бидејќи немаме каде. Чуваме спомени, фотографии... Ги чуваме сеќавањата на нив. Трагаме по роднините на загинатите чувајќи ги фотографиите“, додаде Тумам.