Министерството за надворешни работи на Република Туркије соопшти дека во акциите на пребарување и спасување на упориштата од разорните минатонеделни земјотреси на југот на земјата учествуваат спасувачки екипи од 80 држави.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари го погодија југот на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите на пребарување и спасување на луѓето заглавени под урнатините на зградите.
Илјадници спасувачки екипи од цела Туркије веќе осми ден водат трка со времето и со натчовечки напори под урнатините трагаат за преживеаните.
Во акциите помагаат бројни странски спасувачки екипи, а Министерството за надворешни работи на Твитер соопшти дека на терен работат 9.247 спасувачи од странство и дека се очекуваат спасувачи од уште пет држави.
Во соопштението е наведено дека вкупно стотина држави понудиле помош по земјотресите.