Средбата се случи на маргините на петтиот Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта / Photo: AA

Односите меѓу Туркије и ЕУ и нападите на Израел над Палестина беа тема на разговор на средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска во Будимпешта.

„На средбата стана збор за односите меѓу Туркије и Европската унија и нападите на Израел врз Палестина“, напиша Директоратот за комуникации на Туркије на X.

Тие се состанаа на маргините на петтиот Самит на Европската политичка заедница.

„Посилното партнерство ЕУ-Туркије ќе биде од корист за нашиот заеднички регион. Можеме да се залагаме за мир, просперитет и безбедност преку границите“, напиша Фон дер Лајен на X. Таа додаде дека таквиот сојуз ќе донесе предност не само на дипломатско ниво, туку и за луѓето од двата региона.

Европските лидери се собраа во Будимпешта на петтиот самит на Европската политичка заедница каде што разговараа за глобалните прашања, вклучително Украина и Блискиот Исток и за нерегуларната миграција и прашања поврзани со економската безбедност на Европа.

Официјални лица од земјите-членки на ЕУ и други земји, исто така, се очекува да разговараат за односите ЕУ-САД во светлината на победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Домаќин на состанокот е унгарскиот премиер Виктор Орбан.

TRT Balkan / агенции
Популарни