Билатерални, регионални и глобални пршања во фокусот на средбата Ердоган - Стармер во Баку / Photo: AA

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Велика Британија Кир Стармер денеска разговараа за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.

Ердоган го прими Стармер во Баку на маргините на Самитот на светските лидери на ОН за климатски промени (КОП29).

„Претседателот Ердоган изјави дека ќе продолжат напорите за развивање на односите меѓу Туркије и Обединетото Кралство и за зголемување на обемот на трговијата“, објави директоратот на “X”.

Турскиот лидер, исто така, изјави дека продолжуваат напорите на Анкара да стави крај на конфликтите во регионот, особено во Украина, Либан и Палестина.

На средбата присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и претставници на Директоратот за комуникации.

Вчера во Баку започна 29-та конференција на страните на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени на која се собраа светските лидери, креаторите на политиката и активистите со обновена посветеност за справување со интензивираните климатски кризи.

Овогодинешната конференција во Азербејџан става акцент на преземените обврски и иновативните механизми за финансирање за да се поттикне глобалниот напредок.

TRT Balkan / агенции
Популарни