Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретнаа денес во турската престолнина Анкара на разговори за најновата ситуација во Појасот Газа.
Фидан и Блинкен се очекува да разговараат и за регионални и билатерални прашања.
Вчера американскиот државен секретар пристигна во ненадејна посета на окупираниот Западен Брег, каде што оствари средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Ненадејната посета на Блинкен не беше ограничена само на Западниот Брег, тој исто така ги посети Ирак и администрацијата на кипарските Грци.
AA