Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, разговараше на повеќе теми со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во главниот град на Индонезија, Џакарта.
Состанокот на шефовите на турската и американската дипломатија се одржа во Џакарта на маргините на 56. состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Министерството за надворешни работи на Туркије соопшти дека Фидан и Блинкен разговарале за продолжување на одлуките донесени на Самитот на лидерите на НАТО што се одржа во Вилнус и за актуелните случувања во Авганистан.
Претходно Министерството соопшти дека турскиот министер за надворешни работи Фидан во Џакарта бил примен од индонезискиот претседател Видодо и дека имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.