Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, во Њујорк се состана со заменик-премиерот на Ирска и министер за надворешни работи и одбрана, Мајкл Мартин.
Фидан престојува во Њујорк по повод Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Турскиот министер го одржа својот прв билатерален состанок на маргините на Генералното собрание на ОН со потпретседателот на Владата на Ирска и министер за надворешни работи и одбрана, Мартин, во зградата на Туркеви (Турска куќа).
Турското МНР соопшти дека во текот на средбата се разговарало за билатералните односи и меѓусебните посети на високо ниво.
Двајцата министри разговарале и за Иницијативата за црноморското жито и односите на Туркије и ЕУ.
TRT Balkan / агенции