Израелските власти соопштија дека околу 100 домови во северниот град Ход Хашарон се оштетени при вчерашниот ракетен напад на Иран.
Израелскиот јавен радиодифузер КАН денес ги цитираше градските власти дека некои од зградите се значително оштетени и ќе биде потребно извесно време за да се поправат, а на десетици имаат само мали оштетувања.
Вчера израелското армиско радио потврди дека ирански ракети паднале на отворен простор во Нетанија, која се наоѓа во Ход Хашарон, дел од пошироката област Тел Авив.
Иран истрела околу 180 балистички ракети кон Израел во услови на зголемени тензии меѓу двата регионални држави.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нападот бил одговор за атентатите врз водачот на Хамас, Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, и командантот на ИРГЦ, Абас Нилфорошан.
Ханије беше убиен во напад врз Техеран во јули, а Насрала и Нилфорошан беа убиени во воздушен напад врз либанскиот главен град Бејрут минатата недела.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ракетниот напад е „голема грешка“ и дека Иран „ќе плати за тоа“.
Нападот се случи во време на зголемени меѓународни стравови дека војната на Израел против Газа и либанскиот Хезболах ќе ескалира во поголем регионален конфликт.