Израелската војска објави дека извршила напад по полноќ на две одделни локации во Либан / Photo: AA

Речиси 100 ракети беа истрелани кон Израел утринава во два одвоени напади од либанска територија.

Израелски извори наведуваат дека во утринските часови биле извршени два одделни ракетни напади од Либан кон северот на Израел. Иако беше објавено дека во нападите биле истрелани речиси 100 ракети, не се дадени информации за евентуални жртви.

Претходно, според извештаите, израелскиот одбранбен систем пресретнал дел од ракетите насочени кон израелскиот регион Горна Галилеја и окупираната Голанска Висорамнина, додека други паднале на отворени области.

Исто така, израелската војска објави дека извршила напад по полноќ на две одделни локации во Либан за кои се тврди дека му припаѓаат на Хезболах.

Беше наведено дека целните локации се наоѓаат во долината Бека и дека целите им припаѓаат на „воздухопловните сили на Хезболах“.

Во судирите меѓу израелската армија и Хезболах од 8 октомври минатата година загинаа 241 припадник на Хезболах, 49 либански цивили, 11 припадници на движењето Амал, 12 членови на Хамас, 12 Исламски џихад, шест израелски цивили и 11 израелски војници.

AA
Популарни