„НАТО изразува солидарност со Туркије во борбата против тероризмот“, рече Столтенберг / Photo: AA

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека најостро го осудува терористичкиот напад во Анкара и рече дека се солидаризира со Туркије.

Столтенберг на социјалната мрежа Х објави порака по повод терористичкиот напад во Анкара.

Нагласи дека најостро го осудува нападот и на повредените полицајци им посака брзо оздравување.

„НАТО изразува солидарност со Туркије во борбата против тероризмот“, рече Столтенберг.

Двајца терористи, кои со мало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција на полицијата во Анкара, вчера во 9:30 часот по локално време извршија бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе, а другиот терорист е неутрализиран. За време на отворениот оган повредени се двајца турски полицајци.

TRT Balkan / агенции
Популарни