Потребна е заедничка борба против терористичката закана, истакна генералниот секретар на НАТО     Фото: 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека мора да се решат сите безбедносни закани со кои се соочуваат „и со поагресивната Русија, и се разбира, терористичката закана“.

Генералниот секретар на НАТО и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска Пека Хависто и Ан Линде, одржаа прес конференција во Брисел по церемонијата на потпишувањето на протоколот за пристап на двете земји во Алијансата. Тие одговараа на новинарски прашања во врска со трилатералниот меморандум со Туркије, според кој тие се обврзаа да ја решат загришеноста на Анкара за нејзиниот став кон терористичките организации ПКК и ФЕТО.

Столтенберг рече дека двете земји од денеска ќе учествуваат во работата на НАТО под статусот „гости“.

Заблагодарувајќи им се на Туркије, Финска и Шведска за нивните конструктивни ставови, Столтенберг рече дека трилатералниот Меморандум потпишан на Самитот во Мадрид е градител на денешницата.

Наведувајќи дека борбата против тероризмот е на врвот на агендата на НАТО, Столтенберг рече: „Трилатералниот Меморандум обезбедува добра платформа за забрзување на соработката во борбата против тероризмот.“

Столтенберг се осврна и на депортациите и екстрадициите, поздравувајќи го фактот дека Меморандумот ги вклучува и овие прашања, и додаде дека за НАТО во целост би било од корист доколку трите земји соработуваат за ова прашање.

„Најдобар начин да ги освоиме умовите и срцата е да застанеме заедно против сите безбедносни закани со кои се соочуваме. И кон поагресивната Русија и, се разбира, терористичката закана“, истакна Столтенберг.

AA
Популарни