Столтенберг утре ќе допатува во Туркије / Photo: AA

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека утре ќе допатува во Туркије каде што ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ќе ја достави пораката на НАТО за солидарност поради земјотресите.

На прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, Столтенберг во одговор на новинарско прашање од Анадолу (АА) се осврна на поддршката за Туркије и за неговата утрешна посета на оваа земја.

Столтенберг истакна дека сите сојузници упатиле длабоко сочувство и поддршка до Туркије поради земјотресите со епицентар во Кахраманмараш.

„НАТО, како и неговите сојузници и партнери, ја зголемија нивната поддршка“, додаде Столтенберг.

Тој рече дека покрај помошта на сојузниците, НАТО ќе испрати и објекти за домување, кои во наредните неколку дена ќе бидат доставени во Туркије.

„Утре ќе бидам во Туркије со цел да се сретнам со претседателот Ердоган и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и до нив да упатам сочувство и солидарност“, нагласи тој.

Според него, на овие средби ќе се разговара за координацијата за помошта обезбедена од НАТО и од сојузниците.

„Упатувам благодарност до нашите сојузници поради нивната поддршка за Туркије. Денешниот состанок на министрите за одбрана го завршив упатувајќи апел до сојузниците да дадат повеќе поддршка и да ја зголемат стратешката помош“, додаде Столтенберг.

TRT Balkan / агенции
Популарни