Формалното признавање на Палестина ќе стапи на сила на 28 мај 2024 година / Фото: Reuters

Норвешка одлучи да ја признае Палестина како држава, изјави денес норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

„Норвешката Влада одлучи Норвешка да ја признае Палестина како држава“, истакна Сторе, се вели во владиното соопштение.

„Среде војната, со десетици илјади убиени и повредени, ние мора да ја одржиме во живот единствената алтернатива која нуди политичко решение за Израелците и за Палестинците: две држави кои егзистираат една до друга во мир и безбедност“, додаде Сторе.

„Формалното признавање на Палестина како држава од страна на Норвешка ќе стапи на сила во вторник, 28 мај 2024 година“, се наведува во соопштението.

„Нема да има мир на Блискиот Исток без дводржавно решение. Не може да има дводржавно решение без палестинска држава. Со други зборови, палестинската држава е предуслов за постигнување мир на Блискиот Исток“, додаде Сторе.

AA
Популарни