Окружниот суд во Ерусалим го отфрли барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се одложи неговото сведочење на судењето во кое е обвинет за корупција, со образложение дека нема оправдување за натамошно одложување.
Нетанјаху треба да почне да сведочи на 2 декември.
Неговиот тим задвокати побара десетнеделно одложување, велејќи дека премиерот не може да се подготви да сведочи поради неговата преокупација со менаџирање на војните во Газа и Либан.
Државното обвинителство му соопшти на судот дека се противи на барањето на Нетанјаху за одложување и дека премиерот не може да го „диктира распоредот“ на судењето.
Судот изјави дека одбраната на Нетанјаху имал доволно време да се подготви.
Во јануари 2020 година, Нетанјаху беше обвинет за измама и нарушување на довербата во два случаи, а во третиот за поткуп, измама и нарушување на довербата, а судењето започна во мај истата година.
Израелскиот премиер ги отфрли обвинувањата.