Светската здравствена организација денеска објави дека не може да достави медицинска помош во Појасот Газа откако израелските сили го зазедоа преминот Рафах на границата со Египет на 6 мај.
„Последната достава на медицинска помош беше пред 6 мај. Немаме гориво. Има болници со наредба за евакуација. Ова е ситуација во која не можеме физички да се движиме“, изјави портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.
Палестинските здравствени власти како што пренесоа медиумите предупредија дека неколкуте здравствени установи кои се уште работат се изложени на ризик од затворање поради израелската офанзива на Рафах, каде живеат 1,4 милиони луѓе, пренесува.
На денешното рочиште во Меѓународниот суд на правдата (МСП) за случајот за геноцид што Јужна Африка го покрена против Израел за неговата агресија врз Појасот Газа, израелските претставници изнесоа тврдења дека армијата обезбедува доволен проток на помош во енклавата.
Според властите во палестинската енклава, повеќе од 35.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, додека израелските сили убиле околу 500 Палестинци на окупираниот Западен Брег.