Од 7. октомври досега во Газа се убиени околу 16.000 лица, од кои над 60 отсто се жени и деца / Photo: AA

Ричард Пеперкорн, претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во окупираните палестински територии, истакна дека просечно на секои десет минути по едно дете е убиено во Појасот Газа.

Пеперкорн учествуваше онлајн на неделната прес-конференција одржана од страна на Канцеларијата на СЗО во Женава, при што зборуваше за ситуацијата во Газа, која е под израелска блокада и интензивни израелски напади.

Тој потсети дека од 7. октомври досега во Газа се убиени околу 16.000 лица.

„Над 60 отсто од убиените се жени и деца. Повредени се над 42.000 лица“, нагласи тој.

„Просечно на секои 10 минути е убиено по едно дете во Газа. Во оваа насока сметам дека се наоѓаме близу до најмрачниот момент на човештвото. Имаме потреба од постојано примирје во Газа“, додаде Пеперкорн.

AA
Популарни