Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, имаше телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во кој му честита на повторниот избор за претседател.
Во соопштението од Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије се наведува дека Столтенберг го побарал Ердоган и му честитал за изборниот резултат, и посакал резултатите да бидат корисни за турскиот народ.
За време на разговорот стана збор и за регионални и глобални теми.
TRT Balkan / агенции