Информацијата за телефонскиот разговор ја потврди Одделот за комуникации на турското Претседателство     Фото: АА

Руско-украинската војна, размената на заложници меѓу Русија и Украина и извозот на украинското жито преку Црното море биле меѓу темите на телефонскиот разговор на претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Украина Владимир Зеленски.

Информацијата за телефонскиот разговор ја потврди Одделот за комуникации на турското Претседателство.

Турскиот претседател во разговорот со неговиот украински колега изрази големо задоволство од успешната размена на заложници меѓу Русија и Украина за што рече дека работеле долго време.

Ердоган нагласи дека Меморандумот за извоз на украинското жито преку Црното море функционира и дека сличен пристап може да се примени и во врска со нуклеарната централа во Запорожје. Претседателот на Туркије истакна дека се уште важи понудата за посредување за отстранување на војниците во околината на централата.

Ердоган во разговорот истакна дека одржувањето на едностраните референдуми во делови на Украина ќе ги отежне напорите за ревитализирање на демократскиот процес. Претседателот Ердоган додаде дека Туркије е подготвена да даде секаков придонес за решавање на прашањето на војната преку мировни преговори.

TRT Balkan / агенции
Популарни