Терориситчки напад во Анкара / Photo: AA

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека двајца терористи, кои дошле со помало возило пред влезот на Генералната дирекција за безбедност во Анкара извршиле бомбашки напад.

Јерликаја во објавата на социјалните мрежи рече дека двајца полицајци се полесно повредени.

„Околу 09.30 часот (по локално време) двајца терористи кои со помало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција за безбедност при Министерството за внатрешни работи, извршија бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе, а другиот терорист е неутрализиран. Во текот на отворениот оган полесно се повредени двајца наши полицајци. На нашите хеори им посакувам брзо опоравување“, истакна турскиот министер Јерликаја.

„Нашата борба продолжува решително се додека и последниот терорист не биде неутрализиран“, додаде Јерликаја.


TRT Balkan / агенции
Популарни