Трамп: Единствено злосторство што го направив е што ја бранам нашата нација / Photo: AA

Во првото обраќање до јавноста по сослушувањето на обвинението против него во судот во Менхетен, поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека единствено злосторство што некогаш го направил е тоа што „бестрашно“ ги бранел Соединетите Американски Држави (САД) и дека против него е покренат „лажен случај“ со цел попречување на претстојните избори во 2024 година.

„Никогаш не мислев дека вакво нешто може да се случи во Америка. Единственото злосторство што го направив е бестрашно да ја бранам нашата нација од оние кои сакаат да ја уништат“, им рече Трамп на приврзаниците во Мар-а-Лаго на Флорида.

Како што рече, овој „лажен случај“ е покренат само за да се попречат претстојните избори во 2024 година и смета дека би требало веднаш случајот да се отфрли. „Нашиот правосуден систем стана беззаконски“, рече Трамп.

Тој потоа го обвини окружниот обвинител на Менхетен Алвин Браг дека е „криминалец“.

„Окружниот обвинител е криминалец затоа што незаконски објави огромни количини на информации од големата порота и тој треба да биде кривично гонет или во најмала рака да поднесе оставка“, рече тој.

Поранешниот претседател на САД ја напушти зградата на Кривичниот суд во Њујорк откако се изјави дека не е виновен за 34 точки од обвинението кое му се става на товар.

Трамп го сослуша обвинението во судот на Менхетен, се изјасни за невин, а потоа ја напушти судницата и отпатува за Флорида, од каде што пристигна во Њујорк за да им се предаде на судските власти за обвинение.

Големата порота во Њујорк минатата недела го обвини Трамп за обвиненија поврзани со исплати на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс. Поранешниот претседател се соочува со обвиненија за фалсификување деловни документи и заговор за неговата наводна улога во тајни плаќања.

Трамп претходно ова обвинение го нарече „лов на вештерки“ и „политички прогон“.

Судијата што го надгледува кривичното дело на Трамп го закажа следното рочиште за 4 декември.

Така, Трамп стана првиот поранешен претседател кој се соочил со кривично судење во историјата на САД.

TRT Balkan / агенции
Популарни