Трамп им се предаде на американските власти за да се соочи со обвиненијата / Photo: AA

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и фаворит за номинација на републиканците за изборите во 2024 година, во вторникот се изјасни за невин по 34 обвиненија за фалсификување деловни книги за пари кои наводно ги платил на актерка во филмови за возрасни.

Облечен во темно сино одело и црвена вратоврска, Трамп (76) покажа малку емоции на лицето кога ја поздрави толпата собрана пред судот.

Трамп се предаде на американските власти со што стана стана првиот американски лидер во историјата кој се соочува со кривичнен прогон.

Во спектаклот што се прикажуваше на телевизија во живо - со ривалски демонстранти кои се собраа надвор - сослушувањето во вторникот означуваше пресвртница за американскиот криминален и политички систем, со потенцијал да ја прекине трката за Белата куќа во 2024 година во која Трамп моментално е водечки републикански кандидат.

Против Трамп се води постапка за прикриени пари исплатени на актерка во филмови за возрасни пред изборите во 2016 година кои го доведоа на власт.

„Изгледа толку надреално, ќе ме уапсат“, објави Трамп на неговата апликација Трут Сошл (Truth Social) додека се упатуваше кон судницата од Трамп Тауер, каде што ја помина ноќта откако долета од Флорида.

„Не можам да верувам дека ова се случува во Америка!“ Двапати отповикуваниот републиканец е првиот претседател или поранешен американски претседател кој е кривично обвинет.

Полицијата се распореди по улиците додека хеликоптерите беа на небото, а поворката на Трамп стигна по кратко возење до судот, патување кое беше покриено во живо на американските телевизиски мрежи, иако камерите не беа дозволени за самото сослушување.

Трамп им мавташе на поддржувачите откако го напушти својот автомобил пред да влезе во комплексот под заштита на американската тајна служба.

TRT Balkan / агенции
Популарни