Нов нуклеарен договор со Иран е можен, иако деталите ќе треба внимателно да се преговараат, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
„Сакам да имаат голема земја, имаат голем потенцијал, луѓето се неверојатни, а единственото нешто што го кажав за Иран е дека тие не можат да имаат нуклеарно оружје и дека се религиозни фанатици“, рече изјави вчера Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Американскиот претседател смета дека на иранските власти со сигурност може да им се верува единствено ако со нив се склучи договор иако тој мора да биде десет пати процерен.
„Тие не можат да имаат нуклеарно оружје. И, знаете, ако го добијат, сите други ќе го добијат, а потоа целата работа ќе биде катастрофа“, додаде тој.
Во извештај објавен претходно беше наведено дека Трамп ќе го постави пратеникот за Блискиот Исток Стив Виткоф да биде задолжен за дипломатските односи со Иран.
Виткоф во моментов служи како највисок функционер на Трамп за Блискиот Исток, а беше дел од преговорите под администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден што доведоа до прекин на огнот во опколениот Појас Газа.
Претседателот е подготвен прво да се обиде со дипломатија со Техеран пред да се обиде да изврши притисок врз Исламската Република, изјавија неименувани извори за Фајненшл тајмс.
Пристапот означува значително отстапување од првиот мандат на Трамп кога тој водеше кампања за максимален притисок во крајно залуден напор да го врати Иран во преговори за неговата нуклеарна програма.
Во 2018 година, Трамп ги повлече САД од договорот, познат како Заеднички сеопфатен план за акција, кој Иран го постигна со шест светски сили - Кина, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и САД.