Трамп најави можна кандидатура на претседателските избори во 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека можеби ќе се кандидира на претседателските избори кои во Соединетите Американски Држави (САД) ќе се одржат во 2024 година.

„Се натпреварував два пати. Два пати победував. Вториот пат поминав многу подобро отколку првиот пат. Сега за да повторно ја направам нашата земја успешна, сигурна и славна, веројатно тоа ќе морам да го направам повторно“, рече Трамп на митингот во Тексас.

Тој рече и дека гласачите кои во 2016 година го избрале за претседател на САД, сега се посилни отколку било кога.

„Тивкото мнозинство се врати посилно отколку порано… Мои сограѓани, ова неверојатно патување на кое сме заедно штотуку започна“, порача Трамп.

Неговите изјави следува неколку часа откако актуелниот американски претседател на САД, Џо Бајден, рече дека се уште не објавил, но дека има намера повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни