Според Белата куќа двајцата лидери одржале продуктивна работна средба / Photo: AA

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од јорданскиот крал Абдула да им помогне на членовите на Хамас да ја разберат сериозноста на ситуацијата доколку сите заложници не бидат ослободени до сабота, соопшти денеска Белата куќа.

„Претседателот повтори дека Хамас мора да ги ослободи сите заложници, вклучително и Американците, до сабота и побара од кралот на Јордан да помогне за Хамас, како и лидерите во регионот, да ја разберат тежината на ситуацијата“, се додава во соопштението.

Белата куќа додаде дека двајцата лидери одржале продуктивна и топла работна средба вчера во Белата куќа.

Трамп во понеделникот рече дека ќе дозволи вистински пекол да пукне доколку Хамас не ги ослободи сите заложници во Газа до сабота напладне и дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас.

TRT Balkan / агенции
Популарни