Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја поддржува Демократската партија на претстојните избори, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на вчерашниот предизборен митинг во Пенсилванија.
„Тој (Зеленски) толку многу сака тие да победат на овие избори“, рече републиканскиот претседателски кандидат, нарекувајќи го Зеленски „најголемиот продавач во историјата“ за милијардите долари помош од САД.
„Секогаш кога тој (Зеленски) доаѓа во земјата, си заминува со 60 милијарди долари“, додаде тој.
Трамп истакна дека тековната војна можела да се избегне, тврдејќи дека доколку тој бил претседател ќе се преговарало за мировен договор меѓу Русија и Украина.
Поранешниот американски претседател рече дека доколку биде избран, ќе ги повика Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин да постигнат мировен договор.
Ниту кабинетот на Зеленски ниту кампањата на Харис сè уште не реагираа на коментарите на Трамп.
Минатата недела Трамп рече дека „веројатно“ ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД.