САД, Велика Британија и Франција ги употребиле своите воени средства во регионот за да го одбранат Израел од иранскиот ракетен напад кој почна доцна синоќа.
Велика Британија и Франција изјавија дека биле вклучени во воздушната одбрана на Израел, не наведувајќи конкретни детали за степенот на нивната вклученост.
Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека нивната вклученост е слична на придонесот даден против ракетните напади на Иран во април.
Редовната ескадрила на британските воздухопловни сили „Операција Шадер“, составена од два борбени авиони и танкер за полнење гориво, беше над Ирак за време на иранскиот напад врз Израел, веројатно пресретнувајќи проектили. Потоа се врати во британската база Акротири на Јужен Кипар, според информации од радарските сервиси.
„Посветени на безбедноста на Израел, Франција денеска ги мобилизираше своите воени ресурси на Блискиот Исток за да се спротивстави на иранската закана“, изјави Макрон по нападот.
„Имаме воздушна база во Јордан... Со овие истрели беше нарушен јорданскиот воздушен простор. Ги полетавме нашите авиони и го пресретнавме она што требаше да го пресретнеме“, рече Макрон во април, објаснувајќи го францускиот одговор на иранските напади во тоа време.
Одговарајќи на сличен начин, француските авиони и воздушната одбрана во Јордан можеби одиграле улога во одбраната на Израел, пренесуваат медиумите.
Одговорот на САД беше потврден, бидејќи беа лансирани контрамерки на иранските ракети.
„Два разурнувачи од класата Арли Бурк, УСС Кол и УСС Булкли, и двата распоредени во источниот Медитеран, истрелаа десетина пресретнувачи на истреланите ирански балистички ракети како дел од одбраната на Израел“, рече прес секретарот на Пентагон, генерал-мајор Пет Рајдер.
Поморските распоредувања во регионот започнуваат бидејќи Франција го потврди распоредувањето на најмалку 2 фрегати од типот Ла Фајет на израелскиот брег во случај на ескалација на судирите.
Иран истрела околу 180 балистички проектили врз Израел во вторникот вечерта во услови на зголемени тензии меѓу двата регионални ривали во, како што Техеран рече дека е „чин на самоодбрана“, додека Тел Авив вети дека ќе се одмазди поради ракетирањето.