Тројца турски војници се убиени за време на антитерористичката операција на Туркије во северен Ирак, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.
Војниците Неџдет Калис и Емрах Гундуз загинаа, а двајца војници беа ранети поради напад на членови на сепаратистичко-терористичката организација“ во зоната на операцијата „Канџа-катанец“ на Туркије, се вели во соопштението на Министерството.
Еден од ранетите подоцна им подлегнал на повредите, се додава во соопштението.
Припадноста на терористите не беше наведена, но се знае дека терористичката група ПКК е активна во регионот.
Туркије операцијата „Канџа-катанец“ ја започна минатата година во април и има за цел да ги таргетира засолништата на терористичката група ПКК во регионите Метина, Зап и Авасин-Басјан во северен Ирак, лоцирани во близина на турската граница
Претходно, имаше уште две операции - „Канџа-Тигар“ и „Канџа-Орел“ започнати во 2020 година за искоренување на терористите кои се кријат во северен Ирак и планираат прекугранични напади во Туркије.
Во својата 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК - што се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и Европската унија - е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.