Три лица, меѓу кои една жена, се смртно застрелани, а седум се повредени во пукање во Ерусалим, јави израелската агенција за радиодифузија.
Претходно утрово, израелската служба за итна медицинска помош Маген Давид Адом соопшти преку X дека меѓу загинатите има една 24-годишна жена.
Повредените се префрлени во болниците „Шаре Цедек“ и „Хадасах Еин Карем“.
Според претходното соопштение, петмина од повредените се во тешка состојба.
„Двајца терористи отворија оган врз цивили на автобуска постојка во близина на влезот во Ал-Кудс (Ерусалим), на раскрсницата Гиват Шаул“, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на израелската полиција.
Напаѓачите биле убиени од страна на израелските безбедносни сили.
AA