Туркије во понеделникот соопшти дека „внимателно ги следи“ последиците од пожарот викендов во Германија во кој загинаа двајца турски државјани-мајка и нејзиниот 5-годишен син.
„Нашиот генерален конзулат во Берлин изврши инспекција на опожарената зграда. Случувањата внимателно се следат“, соопшти турското Министерство за надворешни работи на X.
Министерството додаде дека локалните власти започнале истрага за смртоносниот пожар.
Во изминатите години во Германија беа подметнати подметнати пожари врз домови на турски имигрантски семејства.
Пожарот се случи во неделата во градот Еберсвалде во Бранденбург, североисточна Германија.
Пожарот избувнал во раните утрински часови во неделата во ќебапчилница од приземјето на трикатна куќа и брзо излегол од контрола, изјавија властите во Еберсвалде.
Најмалку уште шест лица се повредени во пожарот, од кои четворица потешко, соопштија претставници на противпожарната служба.
Портпаролот на полицијата Роланд Каменц изјави дека властите истражуваат во сите правци, без да исклучат какви било потенцијални причини, вклучително и подметнување пожар или технички дефект.
Полициската управа апелираше за сведоци и побара секој што има информации да излезе и да помогне во истрагата.