„Турк хавајолари“ го превезе милијардитиот патник / Photo: AA

Турскиот национален авиопревозник „Турк хавајолари“ (Туркиш ерлајнс) вчера го превезе милијардитиот патник.

На патникот Мустафа Балџи, кој полета од Истанбул до југоисточната турска област Адијаман, „Турк хавајолари“ го награди со еден милион бонус милји.

„Никогаш нема да го заборавам ова искуство“, изјави Балџи.

Ахмет Болат, претседателот на Управниот одбор и Извршниот одбор на компанијата, во оваа пригода рече:

„Нашата компанија, која достигна една милијарда патници за 90 години, има цел да превезе две милијарди патници до 2031 година.“

Бонус милјите може да се користат за летови, хотели, најмување автомобили и други делови од патувањето преку „Турк хавајолари“

„Турк хавајолари“ моментно има 413 авиони и лета до 342 дестинации, 289 меѓународни и 53 домашни.

TRT Balkan / агенции
Популарни