Туркије ја повикува меѓународната заедница да ја признае државата Палестина / Photo: AA

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денес ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на американското вето на кандидатурата на Палестина за членство во Обединетите нации (ОН) и да ја признае државата Палестина.

„Неправедно е на Палестина да не и се дозволи да стане членка на ОН. Ја повикуваме меѓународната заедница да се спротивстави на оваа неправда и да ја признае државата Палестина“, рече турскиот министер Фидан на заедничката конференцијата за новинари со мауританскиот колега Мохамед Салем Оулд Мерзуг во Истанбул.

Во текот на состанокот со Мерзуг, Фидан рече дека разговарале за „за тековниот масакр во Газа“ и додаде: „Токму како Туркије, и Мауританија усвојува чувствителна политика во врска со палестинското прашање, особено во врска со ситуацијата во Газа и ја дава сета своја можна поддршка“.

Министерот Фидан рече дека Туркије и Мауританија се „во голема солидарност по прашањето за Газа“ и додаде:

„Ќе ја продолжиме нашата соработка за итен прекин на огнот и непречена дистрибуција на хуманитарната помош.“

Шефот на турската дипломатија рече и дека ќе продолжат напорите на двете земји „непречено сѐ додека не се воспостави независна и суверена држава Палестина, со главен град Источен Ерусалим (Кудс) и територијален интегритет, кој се базира врз границите од 1967 година.“

AA
Популарни