Туркије, исто така, го поздрави конструктивниот и позитивен пристап на Хамас кон планот за прекин на огнот / Photo: AA

Република Туркије го поздрави усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти утринава турското Министерство за надворешни работи, нарекувајќи го важен чекор.

„Сметаме дека Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации, усвоена на 10 јуни, која има за цел да се постигне прекин на огнот во Газа, ја сметаме за важен чекор кон ставање крај на масакрот“, се вели во соопштението на Анкара.

Туркије, исто така, го поздрави конструктивниот и позитивен пристап на Хамас кон планот за прекин на огнот.

„Императив е Израел да ја декларира својата посветеност на спроведувањето на постојан прекин на огнот и целосно да ги спроведе сите елементи од резолуцијата“, се вели во соопштението.

Турските власти најавија дека ќе продолжат да придонесуваат за чекорите кои ќе обезбедат траен крај на војната, повлекување на Израел од цела Газа, ослободување на заложниците и затворениците, враќање на раселените Палестинци во Газа, непречена и соодветна испорака на хуманитарна помош и реконструкција на Газа.

Синоќа Советот за безбедност на ОН усвои нацрт-резолуција со која се бара поддршка за предлогот објавен од американскиот претседател Џо Бајден, кој се состои од три фази и предвидува итен прекин на огнот во Газа.

Нацртот беше предложен од американската делегација, а беше поддржан од 14 земји-членки, додека Русија беше воздржана.

Во усвоената одлука беа посочени дипломатските напори на Египет, САД и Катар, а беше поздравен и трифазниот предлог што Бајден го презентираше на 31 мај.

Израел, исто така, се вели дека ја прифатил понудата на Бајден, а од Хамас е побарано и да го прифати предложениот план.

Првата фаза од предлогот на Бајден предвидува итен прекин на огнот, ослободување на жени, постари и ранети затвореници, размена на палестински затвореници, повлекување на израелските сили од населените места во Газа, зголемување на хуманитарната помош, реконструкција на основните услуги, враќање на палестинските цивили во нивните домови низ појасот, вклучително и северна Газа.

По договорот на страните, втората фаза предвидува ослободување на сите преостанати затвореници за еднаш засекогаш да се стави крај на кризата, а од Израел беше побарано да се повлече од цела Газа. Во одлуката беше наведено дека во третата фаза ќе биде покренат план за обнова на Газа, кој ќе трае неколку години, а ќе бидат предадени и телата на загинатите затвореници.

Иако го поддржува решението за две држави, одлуката, исто така, укажа на важноста од обединување на Појасот Газа и Западниот Брег под палестинската управа.

AA
Популарни