Во обраќањето на 215. седница на Извршниот одбор на УНЕСКО, Ѓулнур Ајбет, постојаната претставничка на Туркије при УНЕСКО, потсети на проблемите со кои се соочува светот како што се климатските промени, прехранбената безбедност и пристапот до питката вода.     Фото: АА

Туркије ги повика земјите членки на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) да го поддржат турскиот проект „Нула отпад“ ширум светот.

Во обраќањето на 215. седница на Извршниот одбор на УНЕСКО, Ѓулнур Ајбет, постојаната претставничка на Туркије при УНЕСКО, потсети на проблемите со кои се соочува светот како што се климатските промени, прехранбената безбедност и пристапот до питката вода.

Истакна дека целта на Туркије е да ја зголеми глобалната стапка на рециклирање на отпад на 60 отсто до 2035 година.

Додаде дека нејзината земја исто така го покренала проектот „Нула отпад“ кој, како што рече, веќе станал глобална иницијатива.

Минатиот месец, првата дама на Туркије Емине Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, потпишаа документ за проширување на турскиот проект „Нула отпад“, на глобално ниво.

Околу 20 дипломати го потпишаа документот за кратко време.

AA
Популарни