Туркије: Данскиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни работи / Photo: AA

Министерството за надворешни работи на Туркије го повика данскиот амбасадор во Анкара, Дени Анан, поради дозволата за палење на Куранот пред Турската амбасада во данската престолнина Копенхаген.

Според информациите од дипломатски извори, на амбасадорот на Данска му било пренесено дека Туркије остро го осудува давањето дозвола за провокативниот чин насочен против Куранот, што е очигледно злосторство од омраза.

На амбасадорот му беше нагласено и дека ваквиот однос на Данска е неприфатлив, и дека се очекува таквата постапка да не се дозволува.

Нападот во петокот се случува една недела откако Расмус Палудан, екстремно десничарски шведско-дански политичар на 21 јануари запали примерок од муслиманската света книга Куран, пред турската амбасада во Стокхолм, под полициска заштита и со дозвола од властите, што предизвика бројни осуди.

На 22 јануари, Едвин Вагенсвелд, екстремно десничарски холандски политичар и водач на исламофобната група Пегида, искина страници од копија на Куранот во Хаг. Видеото на Вагенсвелд објавено на Твитер покажа дека тој ги запали искинатите страници на светата книга во тава.

AA
Популарни