Министерството за национална одбрана на Туркије се подготвува во Генералниот секретаријат на НАТО и министерствата за одбрана на земјите членки на Алијансата да ги испрати радарските записи за вознемирувањето од рускиот систем за противвоздушна одбрана С-300 на турските авиони кои извршуваат мисии во Егејското Море и Источниот Медитеран.
Авионите Ф-16, кои се под команда на воздухопловните сили, при реализирање летови во Медитеранот во меѓународниот воздушен простор беа вознемирени од рускиот систем за воздушна одбрана, С-300 на Грција, стациониран на островот Крит на 23 август.
Радарот за следење цели и раководење со проектили на системот С-300 ги следел авионите Ф-16, кои летале на височина од 10.000 стапки западно од островот Родос.
Од друга страна, грчките воени претставници го негираа однесувањето, кое во Правилата за ангажман на НАТО е опишано како „непријателски чин“.
Според добиените информации, Министерството за национална одбрана на Туркије постапило по демантот на грчките власти.
Направени се радарски снимки од вознемирувањето кое е некомпатибилно со духот на сојузот. Се дознава дека се планира снимките да бидат испратени до министерствата за одбрана на земјите членки на Алијансата, особено до Генералниот секретаријат на НАТО.
Министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, во изјава во врска со вознемирувањето рече: „Треба да се види, разбере и објасни она што го прави нашиот сосед. Постојано се обидува да ги зголеми тензиите. Неприфатлива е ваквата отворена разгаленост и непромисленост.“
Прекршувањата на Грција
Од друга страна, Грција продолжува да го нарушува турскиот воздушен простор и територијалните води.
Од почетокот на годината грчките воени авиони 256 пати го нарушиле турскиот воздушен простор, а 158 пати ги вознемириле турските авиони.
Исто така, и бродовите на грчката крајбрежна стража 33 пати ги нарушиле турските територијални води.