Министерството за надворешни работи на Република Туркије ги осуди навредливите пораки на израелскиот министер за надворешни работи Јисраел Кац против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ги оцени за бескорисен напор да се отргне вниманието од израелските напади врз Палестина.
„Непочитувањето и неоснованите обвинувања на израелскиот министер за надворешни работи Кац кон нашиот претседател се бескорисен напор да се смени дневниот ред во врска со злосторствата кои Израел ги изврши во Палестина“, се наведува во соопштението.
Од Анкара во соопштението наведоа дека Израел уби близу 40.000 Палестинци од октомври 2023 година.
„Владата на Нетанјаху е таа која синоќа варварски уби десетици невини Палестинци во нападот на шаторскиот камп во Рафах. На меѓународните судови ќе му биде судено на секој кој е соучесник во овие злосторства“, се наведува во соопштението.
Во соопштението е нагласено дека Република Туркије ќе продолжи да ја брани правдата и правата на Палестинците.