За Туркије неприфатливи се потезите на израелската влада / Photo: AA

Министерството за надворешни работи на Туркије преку соопштение ги осуди плановите на израелските власти во за изградба на дополнителни населби во 19 области на Западниот Брег.

Туркије се противи на плановите на Израел да ги зголеми активностите поврзани со нелегалните населби и да изгради 4.500 нови нелегални станбени единици .

Како што беше истакнато во соопштението неприфатливи се чекорите на израелската Влада што сериозно ги поткопуваат темелите на траен мир и целосно се против меѓународното право и утврдените параметри на Обединетите нации.

„Туркије ќе продолжи да ги поддржува напорите за дводржавно решение, кое има цел да воспостави географски интегрирана, независна и суверена палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со главен град Источен Ерусалим (Кудс)“, се заклучува во соопштението.

TRT Balkan / агенции
Популарни