Туркије ги предупреди сојузниците да не ја поддржуваат терористичката ПКК / Photo: AA

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Туркије ги предупредила земјите сојузнички да не ја поддржуваат терористичката организација ПКК/КЏК/ЈПГ поради која било причина, вклучително и изговорот за борба против терористичката организација ДЕАШ.

„Во неодамнешните разговори со сојузничките земји им беа дадени потребните предупредувања и ги потсетивме да не ја поддржуваат ПКК/КЏК/ЈПГ, терористичката организација која ги напаѓа нашите граници и нашиот народ“, изјави Акар за новинарите, додавајќи:

„Им беше кажано да не дозволуваат користење на сопственото знаме и униформи, што ќе го отежни нивното разликување од терористите, како и што поскоро да ги прекинат сите односи со терористичките организации“, рече Акар.

Тој истакна дека ПКК/КЏК/ЈПГ неодамна ги гаѓала цивилните населби и извршила подли напади врз невини граѓани, меѓу кои деца, жени, ученици и наставници.

„Неприфатливи се ставовите на оние кои терористичката организација ДЕАШ ја сметаат за закана од илјадници километри оддалеченост, за нашите мерки против терористичките организации кои ги имаат на нишан нашите цивилни населби, вклучително и училиштата и ги масакрираат нашите невини луѓе“, додаде Акар.

Тој ги искоментира и американските изјави за можната копнена операција на Туркије во Сирија.

„Тие побараа од нас да го преиспитаме тоа. Ние, исто така, им ги објаснивме нашите чувствителни прашања и побаравме да се одржат ветувањата. Нагласивме дека треба да нѐ разберат“, изјави турскиот министер за одбрана.

Турските сили во утринските часови на 20 ноември ја започнаа операцијата „Канџа-меч“, прекугранична воздушна операција против терористичката организација ЈПГ/ПКК, која има засолништа преку ирачката и сириската граница од каде планира напади на турска територија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави и копнена операција во северен Ирак и северна Сирија за елиминирање на заканата од тероризам.

Воздушната антитерористичка операција „Канџа-меч“ следуваше по терористичкиот напад што го извршија терористите на ПКК/ЈПГ на 13 ноември на фреквентната улица „Истиклал“ во Истанбул, во кој загинаа 6 лица, а 81 беа повредени.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени.

TRT Balkan / агенции
Популарни