Геноцидната администрација на Нетанјаху додаде ново злосторство на својата листа на воени злосторства, рекоа од турското МНР / Photo: AA

Туркије денес го осуди израелскиот напад врз шаторите на цивилите во таканаречената „хуманитарна зона“ во градот Кан Јунис, јужна Газа, во кој загинаа десетици Палестинци, јавува Анадолу.

„Го осудуваме израелскиот масакр на десетици Палестинци во нападот врз шаторите на цивилите во таканаречената 'хуманитарна зона' во Кан Јунис“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Се истакнува дека геноцидната администрација на Бенјамин Нетанјаху додаде „ново злосторство на својата листа на воени злосторства“.

„Оние кои ги вршат овие злосторства ќе одговараат пред меѓународното право“, се наведува во соопштението.

Се повторува поддршката на Туркије за палестинскиот народ „во нивниот марш за правда и слобода“.

Во израелските воздушни напади рано утрово врз шаторскиот камп во Кан Јунис, Ал-Маваси, кој Израел го означи како „хуманитарна зона“ за раселените цивили во Газа, убиени се најмалку 40 лица, а десетици се повредени.

Палестинската цивилна одбрана соопшти дека израелските проектили оставиле кратери длабоки до девет метри.

AA
Популарни