Туркије го осуди смртоносниот израелски напад врз училиштето на ОН во Газа / Photo: AA Archive

Турското Министерство за надворешни работи го осуди израелскиот напад врз училиштето на Обединетите нации Ал Факура во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Палестина, Појасот Газа.

„Силно го осудуваме израелскиот напад врз училиштето Ал Факура управувано од ОН во Газа на 18 ноември, што резултираше со убиство на десетици невини палестински деца“, се вели во вчерашното соопштение на министерството.

Во соопштението дополнително се истакнува дека нападот е дополнителен доказ дека Израел намерно и безмилосно цели на цивили, особено на деца, во Газа.

Турското министерство за надворешни работи истакнува дека бројот на жени и деца кои се убиени од рацете на Израел во Газа во последните пет недели е извор на срам за човештвото. И дека меѓународната заедница повеќе не треба да замижува пред поткопувањето на законите и хуманитарнте вредности со тешките злосторства кое го прави Израел.

„Оние кои се одговорни за овие масакри, кои веќе оставија темна дамка на човечката историја, дефинитивно ќе одговараат за неописливата болка што ја предизвикаа”, се вели во соопштението.

Убиени повеќе од 12.000 Палестинци

Повторувајќи ги повиците на Туркије за итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа, Министерството го повика секој совесен член на меѓународната заедница да ги преземе неопходните чекори во оваа насока.

Десетици луѓе беа убиени и повредени во саботата во израелско бомбардирање на центарот за учење што го управуваат ОН во бегалскиот камп.

Израел започна воздушни напади, а подоцна и копнен упад по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.

Во израелскиот напад оттогаш загинаа повеќе од 12.000 луѓе, повеќето жени и деца, срамнети со земја илјадници цивилни структури и беше спроведена целосна блокада што доведе до недостиг на основни залихи како храна, гориво и лекови.

TRT Balkan / агенции
Популарни