Посетата на Чое доаѓа во време на интензивни медиумски шпекулации за потенцијалната вмешаност на севернокорејски војници во конфликтот во Украина / Photo: Reuters

Русија соопшти дека севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи пристигнала во Москва за да одржи „стратешки консултации“ со рускиот колега Сергеј Лавров.

Говорејќи на брифингот за новинари во Москва, портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека состанокот бил организиран во согласност со договорот постигнат за време на руско-севернокорејскиот самит во Пјонгјанг овој јуни.

„На 30 октомври, министерот за надворешни работи на Демократска Народна Република Кореја, Чое Сон Хуи, пристигна во Москва во официјална посета на стратешки консултации со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров. Ќе дадеме дополнителни детали за распоредот на средбата “, рече Захарова.

Посетата на Чое доаѓа во време на интензивни медиумски шпекулации за потенцијалната вмешаност на севернокорејски војници во конфликтот во Украина.

Запрашан за ова на прес-конференција во Казан на 24 октомври, претседателот Владимир Путин ниту потврди ниту негираше какво било воено присуство на Северна Кореја во Русија.

Путин рече дека Москва и Пјонгјанг потпишале Договор за стратешко партнерство според член 4, со меѓусебни ветувања за воена помош.

AA
Популарни