Кремљ во петокот објави дека одлуките на Европскиот совет за почеток на преговори за пристапување во Европската унија со Украина и Молдавија и да и се додели на Грузија кандидатски статус претставуваат обид да се „изнервира Русија“.
„Таквиот потег во голема мера се заснова на желбата дополнително да се изнервираат и антагонизираат овие земји кон Русија“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите во Москва.
Песков ја опиша одлуката за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Украина и Молдавија како „апсолутно политизирана одлука“ и додаде дека овој потег потенцијално може да ја дестабилизира ЕУ.
„ЕУ отсекогаш имала доста строги критериуми за влез и во овој момент е очигледно дека ниту Украина ниту Молдавија ги исполнуваат овие критериуми. ЕУ веќе минува низ не најдобри времиња во својата историја во однос на функционирањето и од економска гледна точка“, рече Песков.
Тој додаде дека Москва внимателно го следи развојот на настаните во овој поглед.
Во четвртокот, Европскиот совет го отвори патот за проширување на 27-члениот блок со најава за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и доделување кандидатски статус на Грузија.