Туркије ги осуди рациите на израелската полиција во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс) и приведувањето на Палестинците.
Турското Министерство за надворешни работи преку соопштение остро ги осуди рациите рано в зори врз комплексот на џамијата, истакнувајќи дека нападот врз верници за време на светиот муслимански месец Рамазан е неприфатлив.
Министерството ја повика израелската Влада веднаш да ги прекине сите провокации и напади кои можат дополнително да ги ескалираат тензиите во регионот.
Израелската полиција денес (среда) соопшти дека привела 350 Палестинци од комплексот Ал Акса, а очевидци велат дека употребила прекумерна сила, вклучително и солзавец.
Израелските сили и еврејските доселеници често вршат упади во џамијата.
За муслиманите, Ал Акса претставува трето најсвето место во исламот, додека Евреите го нарекуваат подрачјето Планина на храмот.
Израел го окупира Источен Ерусалим (Источен Кудс) за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектира целиот град во 1980 година.