Во текот на состанокот укажа на должноста на Твитер да стопира дезинформации, кои можат да предизвикаат паника и хаос во општеството

Турски официјални претставници го потсетија Твитер на одговорноста кога станува збор за дезинформациите, лажните извештаи и кампањите на помош по разорните земјотреси кои ја погодија земјата на 6 февруари (понеделник).

Заменик министерот за сообраќај и инфраструктура на Туркије, Омер Фатих Сајан, вчера одржаа видеоконференциски состанок со двајца претставници на Твитер - Џох Хјуз, глобалниот шеф на стратегијата на геополитичката и еконосмката јавна политика и Ронан Костело, европскиот водач на тимот за глобални владини прашања на Твитер.

Во текот на состанокот укажа на должноста на Твитер да стопира дезинформации, кои можат да предизвикаат паника и хаос во општеството, според информациите до кои дојде агенцијата Анадолу (АА).

На состанокот е разговарано и за активната соработка со цел спречување дезинформации на социјалните мрежи, како и на законските обврски на Твитер кон турскиот закон.

AA
Популарни