Туркије го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас за четиридневна хуманитарна пауза во Газа и ослободување на заложниците, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението, Министерството го нарече договорот за размена на заложници меѓу Израел и Хамас како „позитивен развој за да се спречи поголемо крвопролевање“.
Туркије очекува „целосно почитување“ на договорот, кој вклучува ослободување на заложници и затвореници и зголемена хуманитарна помош за Газа, се додава.
„Се надеваме дека хуманитарната пауза ќе помогне што е можно поскоро трајно да се стави крај на сегашниот конфликт и ќе започне процес кон праведен и траен мир заснован на решение на две држави“, се вели во соопштението, во кое се наведува и дека Туркије ги цени и напорите на Катар за постигнување на овој договор.
Израелската влада и палестинската група Хамас се согласија на размена на заложници рано во средата.
Според договорот, 50 Израелци кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници од израелските затвори, објавија израелските медиуми.
Договорот вклучува и четиридневна пауза во борбите и влез на 300 камиони натоварени со хуманитарна помош, вклучително и гориво, во Појасот Газа.
Договорот, исто така, дозволува продолжување на паузата и потенцијално ослободување на повеќе деца и жени кои ги држат двете страни.
Израел проценува дека Хамас држи повисоко 239 Израелци по својот граничен напад на 7 октомври.