Туркије го поздрави прифаќањето на предлогот за прекин на огнот во Газа / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара го поздравува тоа што палестинското движење Хамас соопшти дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа и порача дека и властите на Израел сега треба да го напварат истиот чекор.

„Го поздравуваме соопштението на Хамас дека со нашите напори го прифати договорот за прекин на огнот во Газа, а истиот чекор би требало да го презеде и Израел“, рече Ердоган по седницата на неговиот кабинет во Анкара.

Ердоган исто така ги повика сите западни актери да извршат притисок врз израелската влада да го прифати договорот за прекинот на огнот.

Туркије во повеќе наврати бараше прекин на огнот во Газа од првите денови на судирот, пред седум месеци и ги повика сите земји ширум светот да помогнат да се постигне договор.

Шефот на Политичкото биро на движењето Хамас Исмаил Ханије соопшти дека ги известил официјалните лица на Катар и Египет дека ги прифатил предлозите во врска со договорот за прекин на огнот во Појасот Газа. Ердоган исто така ја повтори одлучноста на Туркије во борбата против тероризмот во регионот.

„Во наредниот период ќе го зададеме пресудниот удар на сепаратистичката терористичка организација чије поле е скратено со нашите операции во Ирак и Сирија“, порача Ердоган.

Ердоган исто така рече дека турскиот борбен авион КААН денес успешно го извел вториот пробен лет. „Нашиот национален борбен авион КААН успешно го изведе вториот пробен лет. Им честитам на ТАИ и Дирекцијата за одбранбена индустрија, кои двапати ја направија нашата нација горда“, порача Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни