Истото го направија и многу други делегации и салата значително се испразни / Photo: AA

Туркије и делегациите на многу други земји ја напуштија салата и протестираа против обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН).

Нетанјаху влезе во салата и се упати кон говорницата за да се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН.

Меѓутоа, во тој момент турската делегација, предводена од постојаниот претставник на Туркије во ОН, амбасадорот Ахмет Јилдиз, ја напушти салата пред Нетанјаху да го започне својот говор.

Истото го направија и многу други делегации и салата значително се испразни.

Додека Нетанјаху беше на говорницата, во салата се слушаа некои гласови.

Дозволувањето на Нетанјаху да се обрати во ОН наиде на жестоки критики во последните денови.

Претходно и палестинското движење Хамас ги повикаа светските лидери да ја напуштат салата за време на денешното обраќање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации со цел да протестираат против израелските напади во Појасот Газа.

„Напуштањето на салата е најмалку што може да се направи за да се изрази отфрлање и осуда на тековниот геноцид во Газа“, рече во изјавата еден од претставниците на Хамас, Изат ал Ришк.

AA
Популарни